Спорт

Макс славеше над Охрид – Шампионатот го завршуваат како трети за нов Евро настап

Струмичките ,,рисови,, ракометниот шампионат на Македонија ќе го завршат најверојатно како третопласирани, веднаш зад гигантите Вардар и Металург. Ова значи дека и годинава ќе имат право на настап на Евросцената и тоа во ЕХФ Купот.  Третата позиција ја заверија со вечерашнава победа над Охрид со 28:23 во салата Парк каде ,, рисовите ,, докажаа и покажаа дека  во земјава  се  меѓу најдобрите иако имаа огромни турбуленции во оваа сезона.

Вечерва охридските ,,рибари,, се обидуваа по секоја цена да дојдат до поволен резултат. Тргнаа офанзивно и имаа водство, но струмичките ракометари не дозволија изненадување на свој терен.  Првото полувреме заврши со три гола предност  12:9 а во второто домаќините постојано имаа предност од 3 гола за да на крај слават со пет разлика.

Соколов со 10 гола беше најефикасен  а своја одлична партија покажа и младиот Васко Наков кој двапати едноподруго кога се кршеше резултатот во првите триесет минути  постигна два гола.

Препорачуваме:

Македонската одбојкарска селекција во петок ја почнува европската сребрена лига

Недева и Божиновска се новите засилувања во ЖФК Тиверија

Ѓ. K.

Видео-Селекторот Ангеловски го сака Пандев и за следните квалификации оти е големина од човек и фудбалер

Ване Трајков