Спорт

Фото: Тројца струмички кикбоксери златни на турнир во Серес – Грција

Викендов во Серес Грција се одржа интернационален кикбоксерски турнир во дисциплините лоу киг и лајт каде струмичките кикбоскери од ,,Тим Зоран Струмица,, се вратија со три злата.  На силниот турнир каде учествуваа  натпреварувачи од десетина држави, тројцата  струмичани беа најдоминанти и без пораз во своите конкуренции заслужено беа прогласени за победници при што го привлекоа вниманието на останатите учесници. Според информациите што ги добивме од тренерот Зоран Спасов во сениорска конкуренција златни медали освоија Трајче Стојанов во категоријата над 91 килограми и Марио Попефтимов во категоријата о 71 килограм. Одличен настап имаше и јуниорот Филип Мицевски  кој во категоријата до 15 години во конкуренција на кикбоксери до 71 килограм исто така го освои златото. Инаку Тим Зоран на овој турнир учествуваше со само тројца натпреварувачи и сите во родниот град се вратија со злато.

filip slika 1 naslovna nas

 

 

Препорачуваме:

„Беласица мила сестро, догодина Прва лига’’ пееа Ајдуците откако сино белите обезбедија пласман во фудбалската елита

Младите на Академија Пандев ремизираа против Партизан

Ване Трајков

А. Пандев стаса до осмата победа, падна и Вардар од Неготино

Ване Трајков