Регион Спорт

Ексклузивно: Миловановиќ од А. Пандев стави потпис на четири години во Киево од Италија

Играчот на Академија Пандев, 17 годишниот Даниел Миловановиќ од следната сезона ќе игра за Киево од Верона – Италија дознава ТВ Канал ВИС. Тој синоќа според информациите на ВИС СПОРТ во хотелот Сириус во Струмица го стави потписот на договорот за трансфер во калчолигашот на период од четири години, една плус три . Според нашите инфорамции, првата година Миловановиќ, ке игра за младинците на Киево со можност доколку ги задоволи апетитите на раковдството на А тимот да остане уште три сезони во овој клуб.

Веста ја потврдија и од Академијата но не конкретизираа дополнителни детали за вториот трансфер по оној со Јани Атанасов во Интер

И Даниел Миловановиќ потврди дека од јули заминува во Киево на подготовки со младинците и првиот состав и  ни изјави дека за него се воделе разговори уште од настапот во Виареџо

,, Па очекував. Директорот на Киево беше во Скопје и го гледаше Куп финалето со Вардар каде славевме. Ме забележаа уше на турнирот во Виареџо на дуелот со Апиа. Беа заедно со тренерот на првиот тим,  кој не се знае дал ќе остане на кормилото на Киево. Моја цел ќе биде што наскоро да заиграм во сериа А,, ни изјави младиот Миловановиќ кој игра десно крило а потекнува од Росоман Кавадарци чии идол му Меси а омилен клуб Арсенал

Миловановик бр.17

milovanovik so br 17 mil

Препорачуваме:

Пандевци по третпат подобри од Беласица и се искачија на втората позиција во шампионатот

Ване Трајков

Во Полициската станица Струмица пријавени физички напади во Баница и Пиперево

Ѓ. K.

Завршија истражувањата на средновековната црква во подножјето на Цареви кули

Сузана Мицева