Регион

Судската администрација на штрајк

Судската администрација почна со штрајк. Пред зградата на основниот суд во Струмица, но и во холовите на оваа институција излегоа вработените и го изразија своето незадоволство поради тоа што нема зголемување на платите како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и службениците во јавните обвинителства. Судските административци велат дека нема да отстапат од штрајкот се’ до исполнување на нивните барања.

Одлуката за штрајк вчера беше соопштена на прес-конференција на која Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација појаснија дека ја донеле одлуката бидејќи Министерството за финансии нема постапено по препораката на Владата за обезбедување финансиски средства за зголемување на надоместоците и додатоците на вработените во судовите. 

Препорачуваме:

Заврши кампот за иновации и претприемништво за млади во Дојран

АФПЗРР: До крај на мај земјоделците ќе може да конкурираат за набавка на трактори

Заев, Вучиќ и Рама на онлајн состанок