Регион

Струмичките матуранти ги завршуваат последните подготовки за матурската прослава

После четири години поминати во училишните клупи, струмичките матуранти деновиве масовно се подготвуваат за матурската прослава. Сите сакаат да изгледаат спектакуларно, а на матурската вечер да блеснат во најновите модели и специјални креации. Купуваат и шијат фустани и костуми, а девојките веќе имаат закажано и термин за шминка и фризура.

И модните салони деновиве беа со полни раце работа. По нарачка се шијат или набавуваат најновите модели на свечени фустани за девојките и елегантни костуми за момчињата.

Матурските прослави во Струмица започнуваат од четврток. 19 мај е резервиран за матурантите од СОУ „ Димитар Влахов“, 20 мај за струмичките гимназијалци, а 21 мај за матурантите од средното техничко училиште.

Препорачуваме:

Обука за промоција на хумани вредности во Црвен крст, Струмица

Dimitar Micev

Здружението на граѓани „Двојна надеж“ одржа промотивна работилница за побезбедна инклузивна заедница

Ѓ. K.

Со книжевно-уметнички настан Ново Село го чествува Илинден

Сузана Мицева