Регион

До 30 Мај бегалците и мигрантите од пред вратата на Македонија конечно треба да се раселат низ внатрешноста на Грција.

Грција најавува дека најдоцна до 30 Мај бегалците и мигрантите кои се пред вратата на Македонија треба да се распределат во камповите во внатрешноста на Грција.Веќе е направена стратегија,во 13 кампови ќе бидат сместени вкупно 9305 нбегалци и мигранти кои се на Идомни.Тие пак не попуштаат велат дека нема да се тргнат одовде и сеуште се надеваат дека Македонија ќе ја отвори вратата за нивен понатамошен пат кон западноевропските земји.Одвреме навреме ги пуштаат децата пред жичената ограда пред македонската граница извикувајќи да се отвори границата.

Но и денес масовен протест на пругата пред границата.Мигрантите засега на мирен протест бараат да не се препракаат во други кампови во Грција.
Поради одлуката на Грција за иселување на овие лица од Идомени во земјава зголемен е бројот на илегалните премини на грчко- македонската граница. По најавата на министерот за миграција Mузалас, за прераспределување на мигрантите од пограничното село Сеово, во околните прифатни центри во Грција, што треба да се реализира најдоцна до 30-ти мај, во неколку наврати околу илјада мигранти се обиделе да ја преминат границата.

Препорачуваме:

Пет нови случаи на КОВИД – 19 во Струмица. Еден од пациентите лежел и во дневната болница на интерна амбуланта

Сузана Мицева

Радовишанец загина по пад од трактор

Сузана Мицева

Од 2025 на факултет само ако матуратните го поминат академскиот тест

Стојне Митева