Регион

Каков избирачки список и попис и се потребни на Македонија?

Услови за избори на 5 јуни нема, а доколку се случат тие ќе бидат целосно нелегитимни, рече Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар. Таа смета дека релевантен попис на населението и ажурен избирачки список во кој граѓаните имаат доверба се клучните предуслови за фер, слободни и демократски избори. Затоа во партнерство со Македонскиот центар за европско образование, Осми септември и Центарот за развој на медиуми, тие денес организираа дебата на тема „Каков избирачки список и попис и се потребни на Македонија„.

На Македонија и е потребен попис кој повеќе од 10 години не е спроведен, а исто така треба да има и чист, кредибилен избирачки список, смета и Дончо Герасимовски- статистичар и поранешен директор на Државниот завод за статистика.

Настанот е реализиран во рамки на проектот „Демографија-квалитет на живеење„, кој е поддржан од проект на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество Македонија.

Препорачуваме:

Расте интересот за социјално претприемништво во Македонија

Карпи се одронија на трим патеката ,,Св Илија,, во Струмица

Одржана првата официјална седница на членовите на Локалниот совет за женско претприемништво кои беа избрани преку Јавен повик

Ѓ. K.