Спорт

Струмичанецот Кирил Панов ги освои шпанците, прогласен за МВП кадет во Бенидорм

Младиот струмичанец Кирил Панов кој настапува за шпанската Тералфас е прогласен за МВП на силниот интернационален турнир Бенидорм каде учествуваа екипи од Шпанија, Италија, Украина, Германија. Станува збор за 16 годишен кошаркар кој до пред две сезони од струмички Ролинг замина во шпанското првенство како огромен талент и замена на струмичкиот интернационалец Владо Илиевски. Панов на турнирот покажал одлични перформанси а неговиот учинок по натпревар во просек бил 27 поени. Признанието го добил во конкуренција на млади играчи од Барселона, Реал, Валенсија..

,, Ми годи ова признание бидејки ми е прво овде во Шпанија а лично не го очекував бидејки имаше доста силна конкуренција.,, кусо ни изјави Крил кој пак во Шпанското првенство со својот тим Тералфас по победата над Валенсија ќе игра за освојување на титулата во кадетска конкуренција. И во овој натпревар панов биле најдобар со постигнати 20 поени и 8 скока. Од 22 до 29 мај во Андора ќе се игра за освојувње на титулата кадетски првак на Шпанија а мегу сериозните кандидати се и Панов со неговиот Тералфас

Кирил Панов е македонски репрезантативец а за него пред да замине во Шпанија интерес покажаа повеќе екипи од Србија, Шпанија и Италија

panov kiril panov na turnirot za objava panov

Препорачуваме:

Во Гевгелија почна 21 Меморијален турнир во мал фудбал „Мирче Костов“

Ване Трајков

Младите струмички шахисти за ТВ Канал ВИС: „Ќе дадеме сѐ од себе за да ги браниме боите на Македонија!“

Ѓ. K.

Видео – Каратето е спорт кој ја зацврстува самодовербата, Струмица има потенцијал но фалат средства, вели Спасе Стојанов државен првак