Спорт

Академија Пандев Шампион – Ќе игра бараж за Втора лига

На две кола до крајот на шампионатот, Академија Пандев ја осигури титулата Шампиони во Третата фудбалска лига Исток. Последните дуели нема да одлучуваат за исходот на табелата каде ,, пандевци,, се први пред Плачковица од Радовиш и Беласица од Струмица. Ова значи дека Академијата со својот ,, сениорски,, состав ја отворија вратата за Втората лига. Сепак за пласман таму, ќе се игра Бараж натпревар.  Идната седмица ќе се знаат можните противници на Академијата а тоа ќе бидат победниците од петте Трети лиги и осмопласираната од Втората лига.

Спроед правилата на ФФРМ ќе се формират три бараж двојки а победниците заминуваат во Втора лига. До овој стадиум лани беше струмичка Беласица но за жал во Баражот не успеа да се најде во второто по квалитет фудбалско натпреварување на Макеоднија. Академијата на струмичкиот интернационалец Горан Пандев ја има шансата по пауза од неколку сезони на струмичани да им донесат второлигашки фудбал

Препорачуваме:

Видео – Градоначалникот Јаневски најави поддршка на спортот во Струмица од 14,5 милиони денари општински пари

Ване Трајков

Пандевци ќе играат за КУП титулата – Пехарот по трет пат нема да ни избега !

Ване Трајков

Ракометен Јуниор КУП во Богданци – Во интерес на децата, четири клуба формираат југоисточна лига