Регион

Фото – Во Василево коњски трки, победникот Сречко го китеа со пари

Во општинскиот центар Василево во конкуренција на 20 тина јавачи, Џоче Цветков од Василево со коњот Сречко победија на годинашниве Ѓурѓовденски коњски трки, организира ни од семејството Митеви. Цветков со Сречко беа најбрзи како во елиминационите така и во финалната трка. Тие беа најбрзи меѓу сите јавачи на патеката во севкупна должина од 10 тина километри. Втор беше Сами Дурмишев од Иловица со коњот Чако а трет Никола Андонов со Ацо. За победата Сречко со ,, газдата,, Џоче добија парична награда и цветен венец

Ѓурговденските трки во Василево се одржуваат седум години по ред и станаа заштитен белег на ова општина. Јавачи од целиот југоисток со своите коњи тренираат за да го освојат победоносниот венец . Организаторот Панче Митев син на Добре Митев кој ја започна ова манифестација, изрази задоволство од годинашние трки

Трките со коњи во Василево станаа и своевидна атракција бидејки годинава истите ги следеа повеќе илјади посетители од целата држава

DSC_0504 DSC_0498-1024x681 DSC_0448-1024x681 DSC_0499-1024x681

Препорачуваме:

Бесплатни училишни униформи за 628 првачиња

Сузана Мицева

МФ: Издадена деветта еврообврзница во износ од 600 милиони евра за отплата на стари долгови

Ване Трајков

Канал ВИС во третиот квартал најгледан во Југоистокот а втор во државата како регионална телевизија

Ване Трајков