Регион

Во ООУ „Герас Цунев“ од Просениково се одржа Отворен ден за родителите

Под мотото „Заедно за зелено училиште“, а согласно годишната програма за работа, во основното општинско училиште „Герас Цунев“ од Просениково се одржа Отворен ден за родителите. Наставниците и останатите вработени во училиштето заедно со учениците и нивните родители со заедничка дружба засадија повеќе видови садници, дрвца и цвеќе во училишниот двор и со тоа придонесоа за уредување на училишниот простор со цел истиот да стане уште попријатно катче за престој. Целта на реализирањето на вакви заеднички активности е зголемување на соработката на училиштето и родителите.

Препорачуваме:

Огласни табли во Богданци и Стојаково

Сузана Мицева

Полицискиот час денеска и утрe од 19 до 5 часот

Ване Трајков

Граѓанските организации се важна алка во локалните средини