Регион

Фото – Средношколците од Димитар Влахов меѓу најдобрите истражувачи во Македонија

Средношколците од ,,Димитар Влахов,, се докажаа дека се меѓу најдобрите истражувачи во Македонија. На последниот државен натпревар за млади истражувачи во Скопје, учениците од ова училиште се закитија со 10 медали во повеќе научно истражувачки дисциплини. Златни медали освоија Владо Донев за неговиот труд од областа на Климатологија под менторство на професорката Елизабета Карадаковска, Сандра Јовевска од областа на Екологијата под менторство на Зорица Масникоса Поптрајкова но и учениците Ирена Лазарова и Сања Далакова од областите на Фармација и Систематика на растенија под менторство на професорките Ленче Христова и Јасмина Цамбулева.

Втори места или сребрени медали освоија Тамара Миленковска од областа на Астрономија чии ментор е Масникоса Поптрајкова, Марија Спасова од Екологија под менторство на Емилија Котеска, Гордана Гошева во Модерна физика под менторство на Костадинка Тушева и Ленче Христова и Клара Камбова од Еколошка хемија под менторство на Лазар Дедејски. На овој натпревар за млади истражувачи награда зеде и Мила Младенова од областа на Еколошка хемија под ментроство на Ленче Христова

Со овој успех СОУ ,, Димитар Влахов,, потврди дека паралелно со наставната програма акцент се става и на научно истражувачката дејност

6 1 2 7 5 4 3

Препорачуваме:

Нова машина за општа анестезија во ЈЗУ Општа болница, Струмица

Ѓ. K.

Get EXITed забавата на 7 септември во Градскиот парк во Струмица- влез бесплатен

Нема најави за ново одложување на отплатата на кредитите

Стојне Митева