Свет

Триумфот на австриските десничари!

За прв пат по 194 година на избори Австрија го даде мнозинството свои гласови на претставник на екстремната десница која освои 36,4 отсто гласови во првиот круг на претседателските избори.

Класичната левица и десница – социјалистите и демохристијаните освоија одвај нешто повеќе од 10 отсто и со тоа го загубија правото да се појават во вториот круг на изборите закажан за 22 мај.

Новото лице на екстремно-десната партија ФПО е Норберт Хофер кој освои многу повеќе гласови отколку Јорг Хајдер, починатиот поранешен лидер на партијата поради кој Австрија мина низ период на изолација од страна на ЕУ.

Добар резултат (20,4 отсто) оствари и кандидатот на партијата на зелените Александер Ван дер Белен кој ќе се натпреварува со Хофер во вториот круг. Ова е исто така премиера во Австрија. Партијата на зелените досега никогаш не успеала да влезе во втор круг на ниту едни избори.

Хофер беше практично непознат во јавноста кога почна изборната кампања. Станува збор за млад човек од 45 години со убава насмевка. Неговите противници имаат повеќе од 60 и 70 години. Според анкетата на Public Opinion Strategies, 30 отсто од неговите гласачи изјавиле дека гласале за него поради тоа е што е млад и динамичен.

Една од главните теми на изборите беше мигрантската криза. Досегашниот претседател Хајнц Фишер, во обид да им се допадне на гласачите кои се против прием на мигрантите, изјави дека бројот на барањата за азил во Австрија во 2015 година го надминал бројот на новороденчиња. Ваквите изјави го потхрануваат стравот од мигрантскиот бран кај населението.

Резултатот на Хофер гит урна на политичкото дно кандидатите на социјал-демократите Рудолф Хундштрофер и демохристијаните Андреас Кол. Нивниот лош резултат е вистински земојтрес за двете партии кои од Втората светска војна до денес се менуваат на политичката сцена.

Хофер изјави дека како претседател би можел да ја отповика владата како што му дозволува Уставот и да распише парламентарни избори. Според анкетите, доколку изборите се одржат денес, победата на екстремната десница е сосема извесна.

Овој австриски резултат не може да се објасни со економска криза бидејќи Австрија е просперитетна земја со добра економија а гласачите на Хофер се наоѓаат кај сите општествени слоеви па дури и кај пензионерите или синдикалците кои досега беа цврстата поддршка на класичните левица и десница.

Сепак, исходот на вториот круг од 22 мај останува неизвесен. Социјалистите ќе повикаат да се гласа за партијата на зелените за Ван ден Белен но демохристијаните се воздржаа од таков повик. А тој ќе ги добие најверојатно и гласовите на независната кандидатка Ирмгард Грис.

Според австриските анализи, неопределените гласачи и оние кои вчера не излегле да гласаат се тие кои ќ его одлучат резулатот.

Препорачуваме:

Учителка од Србија не сака подарок за 8 Март: „Донирајте ги парите, јас имам сѐ“

Ѓ. K.

Ел Чапо прогласен за виновен

Експлозии во Киев

Сузана Мицева