Свет

Орбан: Со Уставот на Унгарија е забранета „исламизација“ на државата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан нагласи денеска во говор во парламентот дека со унгарскиот Устав е забранета исламизација бидејќи целта на документот е да се зачува унгарскиот јазик и култура.

Тој рече дека Уставот ја задолжува Владата да се спротистави на кој било вид масовна миграција поради која би биле загрозени тие принципи. Говорот на Орбан беше по повод 5-годишнината од новиот Устав на Унгарија.

  • И да бидам разбран јасно и недвосмислено – Исламизацијата е забранета со уставот на Унгарија, нагласи тој.

Унгарија подигна ограда ја јужните граници за да спречи преминување низ нејзина територија на мигранти чија крајна дестинација беа други европски држави. Пред да биде подигната оградата во 2015 година низ државата преминаа речиси 400 илјади мигранти на пат кон побогати држави од Западна Европа

Препорачуваме:

Десетици деца низ Европа затруени со салмонела – најверојатно од Киндер јајца

Стојне Митева

САД се повторно дел од Париски климатски договор

Сузана Мицева

Шпанија ќе отплаќа хипотеки на околу еден милион домаќинства

Сузана Мицева