Регион

Хуманитарен хепенинг на здружението „Порака“ по повод празникот Лазарова сабота

Насмеани детски лица со свои замисли и идеи денес украсуваа и бојадисуваа велигденски јајца. Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ Струмица, во соработка со волонтерите при општинската организација на Црвен крст, традиционално организираше хуманитарен хепенинг по повод празникот Лазарова сабота. Различни украси, керамички вазни, кошнички за велигденски јајца беа изработени од дечињата, членови на оваа здружение. Парите собрани од продажбата на овие предмети ќе бидат искористени за опремување со потребен дидактички материјали на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“,, рече Соња Сачевска, претседател на здружението.

На хуманитарниот хепенинг присуствуваше и градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев,кој и годинава финансиски го подржува овој настан.

Овој настан како и серијата претходни креативни работилници е дел од годинашната програма на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ Струмица, финансиски поддржана од општина Струмица.

Препорачуваме:

Новус организира тркалезна маса за транспарентност и отчетност на институциите од југоистокот

Викендов се одбележува 50 години Златно Славејче

Стојне Митева

Се наполија училишните дворови – започна новата учебна година

Стојне Митева