Свет

Time: Кои се највлијателните личности во светот

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард е меѓу највлијателните личности за 2016 година на списанието Time. Меѓу останатите личности кои влегуваат во престижната листа, се основачот на социјалната мрежа Facebook, Марк Зукерберг и неговата сопруга Присила Чeн, како и актерот Леонардо ди Каприо.

Како и секоја година Time ги рангираше личностите во неколку категории.

Во категоријата “Лидери” оваа година се Кристин Лагард, рускиот претседател Владимир Путин, Барак Обама, кинескиот колега Си Ѕинпин, лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел. Во листата се присутни уште претседателските кандидати на САД Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

Во листата “Титан” наоѓаат место Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан. Во оваа категорија спаѓаат уште папата, Тим Кук и Кетлин Кенеди.

Во категоријата “идоли” заслужено му припадна на носителот на “Оскар” Леонардо ди Каприо, како и Адел, Карл Клос, Луис Хамилтон, Алехандро Гонзалес Иняриту, Ники Минаж.

Меѓу највлијателните во категоријата “Уметници” се Шарлиз Терон, Идрис Елба, Ариана Гранде и др.

Меѓу “пионерите” се рангираат американскиот текстописец, композитор и актер Лин Мануел Миранда и Нади Мурад, кој успеа да собере храброст да раскаже за силувањата и злосторствата за време на војната во Ирак.

Препорачуваме:

Украинците не го предаваат Мариупол

Сузана Мицева

Курдите прогласија федерален регион во Сирија

Со префрлање на обновливи извори на енергија, можеме да заштедиме трилиони, велат научниците

Сузана Мицева