Свет

Почина Принц

Според „ТМZ“, музичарот починал денеска, во утринските часови во своето студио во Минесота.

Сè уште се утврдуваат причините за смртта, но според првичните информации, Принс неодамна се жалел на силен грип. Во петокот тој патувал со приватниот авион, кој морал принудно да слета.

Веднаш потоа бил хоспитализиран, по што викендот веќе заминал дома.

Трагичната вест ја потврди и ПР-от на музичарот, Ивен Ноел.

-Со огромна жалост и тага потврдувам дека легендарниот изведувач, Принц Роџерс Нелсон почина утринава во неговата „Paisley Park“ резиденција, на 57-годишна возраст. За сега нема детали околу причината за смртта – соопшти Ноел.

Препорачуваме:

Во Германија регистрирани нови 12 случаи на вирусот зика

Италиjански суд: Кражба на храна не е кривично дело, ако причината е глад

Зголемени контроли на плажите во Грција за нелегално поставени лежалки

Ѓ. K.