Регион

Стопанството трпи големи штети од блокадата на пругата на јужната граница.

Македонските компании бараат што побргу да се стави во функција железничкиот сообраќај на македонско- грчката граница бидејќи во спротивно штетите за нашата економија ќе бидат значителни. Не е проблем само извозот на нашите производи кои се упатуваат на Солунското пристаниште, туку дополнителен проблем претставува и доставата на суровини кои се потребни за домашното производство. Од министерството а транспорт и врски не калкулираат со бројка, колкава штета трпи до сега економијата која директно е инволвирана со увозот и извозот на македонско грчката граница.од ресорното министерство велат дека застојот мора да се реши,да се изнајде решение заедничко со грчките власти и возниот сообраќај повторно се стави во функција.

Пругата Скопје-Солун се уште е затворена за сообраќај и покрај најавите на грчката полиција дека ќе ги отстрани бегалците што ја блокираат пругата на импривизираниот камп кај Идомени. Железничката пруга пред три дена беше отворена само кусо време, по што мигрантите повторно поставија шатори и големи камења на шините на грчко-македонската граница.Од тогаш па се до денес продолжува блокадата која трае веќе повеќе од триесетина дена.

Препорачуваме:

Струмичка промоција на краткиот роман за деца „Не паркирај, гаража“ на Трајче Кацаров

Сузана Мицева

Од 15 ноември во локали само со две дози вакцина

Во Југоистокот казнети 53 возачи за брзо возење

Ване Трајков