Регион

Производители на црвена пиперка да внимаваат на појавата на болести и штетници

Влијанието на климата се одрази врз одгледувањето на црвената пиперка. Периодите со прекумерни дождови, а потоа и сушното време имаше свое влијание врз развојот на ова градинарската култура. Според експертите за добар род потребен е правилен избор на семе соодветно за овие простори. Но она на што треба да обрнат посебно внимание овој период е правилното прихранување на растенијата.Земјоделските стручнаци препорачуваат на посебна внимателност на појава на болести и штетници во овој период. Еден од најзастапените штетници во струмичко, совицата може да предизвика големи штети на производството.Најчести болести на пиперката во струмичкиот регион, се полегнување на расадот ,  пламеница, вертицилиозното венење, а од штетниците најчесто се јавуваат лисните вошки, лисните совици, белокрилката, трипсот.

Препорачуваме:

Општина Василево обезбеди парична помош од 2.500 денари за секое прваче

Ѓ. K.

Неизвесност – колкава ќе биде цената за компресираниот гас во Струмица ( видео )

Ване Трајков

Расцветаниот бадем, сливата и раните сорти кајсии на удар од ниските утрински температури

Ване Трајков