Спорт

Пандевци ќе играат за КУП титулата – Пехарот по трет пат нема да ни избега !

Младинците на ФК ,,Академија Пандев,, ќе играат за освојување на Фудбалскиот Куп на Македонија во својата категорија откако во полуфиналето, по вторпат славеа победа над своите врсници од ,,Ренова,,. Во првиот дуел забележаа победа од 2:1 додека во денешниот реванш меч, со головите на Мишов и Шилинов, Академија Пандев славеше со 3:0. Младинското финале од националниот КУП е закажано на 19 мај а противник на младите ,, пандевци,, ќе биде победникот од дуелот мегу Работнички и Вардар.

За ова генерација на фудбалери од Академија Пандев ова е трето финале. Како пионери и кадети не успеа да го кренат победносниот КУП пехар но сега тврдат дека ова титула за младинци, ќе дојде во Струмица

,, Точно е дека за овие фудбалери, ова е трето Куп финале. Како пионери и кадети бевме поразени во пенали но имајки го искуството и желбата верувам дека КУП титулата ќе биде за Академија Пандев, независно кој ќе биде противник дали ке бидат младите на Работнички или Вардар. Станува збор за екипата со која настапувавме во Виареџо и имаме доста искуство,, ни изјави Југослав Тренчовски

Академија Пандев во шампионатот е на втората позиција и со евентуална победа над Вардар во следното коло може да станат и младински шампиони. Досега Академија Пандев има освоено само една Куп титула и тоа за пионери пред две сезони.

Препорачуваме:

А. Пандев и Кожув продолжуваат, Беласица, Турново и Плачковица елиминирани од КУПОТ

Видео репортажа од прославата на ,,пандевци,, за пласманот во Првата лига

A.Пандев во Тетово го претрпе првиот прволигашки пораз а заслужуваше реми