Свет

Повторно блокирана пругата кај Идомени

Стотици шатори повторно се подигнаа на пругата кај македонско-грчката граница. Полицијата во Идомени само неколку часа успеа да ја држи пругата проодна. Потоа мигрантите ги зазедоа своите позиции каде веќе втор месец е блокирана меѓународната железничка линија. Поставија шатори, но и тешки камења, со кои си ја означија територијата. Ситуацијата во кампот е тензична, напната и повремено избиваат помали инциденти, главно меѓу групите бегалци и мигранти. Сеуште близу 10 илјади луѓе се на отворено и решени да останат тука додека не се отворат границите. Само мал број луѓе се повлекуваат кон огранизираните прифатни центри во грција, и тоа најчесто семејства со мали деца.

Вчера под непознати околности е повреден еден Сириец, а гневна група мигранти нападнала полициско комбе сметајќи дека тие го прегазиле. Затоа полицијата употребила солзавец за да се разбие групата гневни мажи, кои го каменувалче полициското возило.

Граничната служба на Европската Унија, Фронтекс, во најновиот извештај соопштува дека илегалните преминувања на надворешните граници ан ЕУ во регионот на Западен Балкан се намалени за 90 проценти, благодарејќи на заложбите на Македонија.

Од „Фронтекс“ меѓу другото констатираат дека благодарение на договорот на ЕУ со Турција за ограничување на мигрантскиот проток и операцијата на НАТО во Егејското море, значително е намален бројот на мигрантите кои пристигнуваат на грчките острови.

Во текоте на март тој број бил 26.460, што е помалку од половина од бројот регистриран во февруари оваа година, а е сепак три пати поголем од март минатата година.

извор:telma.com.mk

Препорачуваме:

Борис Џонсон претстави план за одговор на руската инвазија на Украина

Сузана Мицева

Скај Њуз: Ги имаме имињата на 22.000 џихадисти

Борисов: Балканот треба да заборави на Голема Албанија, Голема Бугарија, Голема Грција, Голема Србија или Голема Македонија