Забава

Топ 10 земји со најстроги казни

Еве ја листата на десетте држави со најстроги казни за одредени престапи, кои во други држави можеби воопшто и не би биле санкционирани.

10. Малезија: поседување на една семка од марихуана

Казна: до 5 години затвор

Во Малезија поголемиот дел од населението е од исламска вероисповед и истото ги користи шеријатските закони. Во последните пет години тие бараат шеријатскиот закон да се применува во целата држава, а не само врз нив. Освен за поседување марихуана, големи се казните и за јавно изразување на наклонетоста кон некого.

9. Индонезија: Трговија со марихуана

Казна: смрт

Во Индонезија решиле да им стават крај на дилемите. Имено, за продавање на марихуана казната е ни повeќе, ни помалку , туку смрт. Во индонезиската провинција Aџех од 2003 година се применува шеријатскиот закон, па се казнува и секое појавување во јавност со личност од спротивниот пол, како и непристојна употреба на исламската облека.

8. Сингапур: Поседување порнографски содржини

Казна: три месеци затвор плус евентуална парична казна

Писателот Вилијам Гибсон го опишал Сингапур како Дизниленд со смртна казна. Во затвор можете да завршите ако заборавите да пуштите вода во WC-то или ако фрлите хартија на земја. Освен тоа, Сингапур како мерка за казнување користи и камшикување. Во 1994 година еден млад Американец е обвинет за вандализам, а е казнет со четири удари со камшик и осум месеци затвор.

7. Кина: Поседување на порнографска веб страна

Казна: Доживотен затвор. Утеха – само ако страницата имала повеќе од 250.000 посетители.

По Олимписки игри и разните групи за човекови права, сите очи се вперени кон Кина. Причината која привлекува негативно внимание, се строгите закони. Од полесни прекршоци, како неплаќање на данок, па до тешки убиства, чести се казните со смрт.

6. Судан: Навредување на религија

Казна: 6 месеци затвор и плус 60 удари со камшик

Eдна британска учителка во Судан беше обвинета за навредување на религијата кога во својот клас дозволила учениците да го нарекуваат класното меченце Мухамед. Поради тоа поминала одредено време во затвор. Во Судан казната со камшикување постои од 1983 година кога суданската влада го вовела шеријатскиот закон со кој строго се казнуваат и помали прекршоци како кражба, консумација на алкохол и проституција. На крадците им се сечат рацете, додека проституцијата се казнува со смрт.

5. Нигерија: прељуба

Казна: смрт со каменување

Во 2000-та година Нигерија започна да го применува шеријатскиот закон со кој се казнува консумацијата на алкохол и прељубата. А законот да не биде преблаг, се казнува и хомосексуалноста, и тоа со смрт. Нивните затвори се во ужасна состојба, на 65% од затворениците воопшто не им е судено, туку во затворот го чекаат судењето со години. Затворениците спијат на подот и повеќето од нив имаат туберкулоза.

4. Иран: консумација на алкохол

Казна: 80 удари со камшик ако сте фатени прв пат, за повторување на делото – смрт

Во Иран се применува исламскиот закон кој е познат по страшно строгите казни за сите прекршоци. На пример, продавањето дрога и содомијата се казнуваат со смрт, како и продажбата и конзумацијата на алкохол. Пред две години две лица се каменувани до смрт заради прељуба.
Иако официјално тој закон е засега укинат, многумина тврдат дека тој и понатаму се спроведува тајно.

3. Авганистан: преобратување во религија која не е ислам

Казна: смрт

Авганистанскиот закон применува два закона – шеријатски и световен, но што се однесува до верата се многу строги. Граѓаните не смеат да го навредат исламот или да преминат во некоја друга вера затоа што казната е смрт. Во изминатите неколку години, два случаја ги наполнија насловните страни. Првиот се однесуваше на еден маж кој преминал во христијанство, а другиот на еден новинар кој во својата статија го навредил Мухамед. И двајцата мажи беа казнети со смрт.

2. Судиска Арабија: практикување на магии

Казна: смрт

Саудиска Арабија исто така го применува шеријатскиот закон и со смрт ги казнува следниве ”криминални “ дела: хомосексуалност, содомија, прељуба и баење. Жените не смеат да сведочат на судењата, бидејќи според мислењето на саудиските мажи, тие се склони кон лажење за време на сведочењата.

1.Јемен: хомосексуалност

Кaзна: смрт

Јемен има сличен закон како оној кој се применува во Саудиска Арабија, со смрт се казнува прељубата, хомосексуалноста и предавството. Јемен беше на насловните страни на весниците поради тоа што 10 годишна девојка беше силувана од нејзиниот 30 годишен маж за кој била принудно омажена. Казната за силувањето мажот ја избегнал така што се развел од неа.

Препорачуваме:

Во недела во Подареш ќе се одржи четвртиот по ред Меѓународен фестивал „Есенски плодови“

Ѓ. K.

Вечерва „Концерт под маски“ на ОМУ „Боро Џони“ Струмица

Сузана Мицева

Карневализацијата и смеата како суштина

Сузана Мицева