Свет

Импичмент за претседателката на Бразил

Илјадници про и анти импичмент протестанти демонстрираа пред зградата на Конгресот кога опозицијата успеа да обезбеди двотретинско мнозинство, потребно да се испрати барањето до Сенатот во врска со Русеф и обвинувањата против неа дека манипулирала со буџетските сметки.

Доколку Сенатот во почетокот на мај и изгласа, со просто мнозинство, импичмент, претседателската Русеф ќе биде суспендирана од нејзината функција.

На нејзино место ќе дојде потпретседателот Мичел Темер. Ако се докаже нејзината вина, тогаш Темер ќе остане претседател на Бразил до 2018 година.

Битката за импичмент дојде во време на најголемата рецесија во Бразил од 30 години на минатиот век.

Оваа битка најдлабоко ја подели земјата која има околу 200 милиони луѓе по крајот на воената диктатура во 1985 година.
Импичментот испраќа јасна порака дека политичарите во оваа земја треба да бидат чисти.
Алесандра Дантас, 28 годишна социјална работничка

Таа исто така предизвика жестока борба меѓу 68 годишната Русеф и 75 годишниот Темер и се чини дека би можело да го турне Бразил во повеќемесечна политичка криза.

И покрај растечката невработеност Работничката партија на Русеф може да смета на силна поддршка меѓу милионската работничка класа во Бразил која кредитира од нејзините здравствени програми и од извлекувањето на сиромашните од беда.

„Битката продолжува сега на улиците и во Сенатот“, вели Жозе Гуимареш, лидер на Работничката партија.

Анкетите покажуваат дека над 60 насто од Бразилците го поддржуваат импичментот на Русеф, првата жена претседател на Бразил.
Иако таа не е обвинета за корупција, нејзината влада беше поврзана со скандал во државната нафтена компанија.

„Импичментот испраќа јасна порака дека политичарите во оваа земја треба да бидат чисти“, вели Алесандра Дантас, 28 годишна социјална работничка.

Битката за импичмент ги парализира активностите на владата во Бразилија само на неколку месеци пред Олимписките игри во Рио де Жанеиро и во време кога се појави болеста зика која е поврзана со неправилен развој на главите на новородените деца.

Како и да е, бизнисмените не се толку загрижени за отстранувањето на Русеф, надевајќи се дека нејзиниот наследник Темер ќе успее повторно да ја заживее деветтата најголема економија во светот.

Според нив, Темер ќе спроведува послободна пазарна економија и ќе го отвори клучниот нафтен сектор во земјата.
И додека Русеф лично не е обвинета за корупција, повеќето од пратениците кои гласаа за нејзината судбина се.
Според невладината Конгресо ем Фоко, над 300 пратеници се под истрага за корупција или за изборни измами.

Препорачуваме:

Најмалку 62 лица загинаа во големите шумски пожари во централна Португалија

Dimitar Micev

Српски медиуми: НАТО тренира во Македонија во случај на прелевање на кризата од Украина

Сузана Мицева

Шолц: Германија сака гас од Сенегал