Спорт

Макс Струмица утре против Работнички за прва победа сезонава

Ракометарите на Макс Струмица утре-сабота во 17 часот во салата Парк го започнува походот во ракометниот Плеј оф на Македонија за одбрана на вицешампионската титула од минатата сезона. Имајки во предвид низ кои се турбуленции помина клубот во ова натпреварувачка сезона, струмичките рисови ќе имат тешка задача да го освојат второто место, но имаат реални шанси да освојат билет за нов излез на европската ракометна сцена. Прв противник во плејоф пресметката од Супер лигата со 6 екипи е тимот на Работнички од Скопје кој првиот дел од сезоната го заврши на третото место со 5 пораза веднаш зад Металург и Охрид.

Дуелот со Работнички е првиот посериозен тест за играчите на Макс Струмица за да го поправат впечатокот по лошите настапи во Сеха лигата и евронастапите, откако клубот беше до работ на распагање поради лошата финансиска состојба од претходното раководство велат од сегашната управа.  Новите челници тврдат дека состојбата во клубот полека се стабилизира, атмосферата и самодовербата меѓу играчите на високо ниво и сите мисли се насочени за освојување на третата или четвртата позиција во Македонскиот шампионат кои носат билет за ракометна Европа

За таа цел управата,стручниот штаб но и ракометарите на Макс Струмица ги повикуваат сите љубители на ракометот во Струмица да бидат дополнителна подршка во спортската сала Парк за остварувањето на првата победа  и по речиси две години во овој спортски храм  да има ракометно славје. Дуелот Макс Струмица – Работнички започнува во 17 часот а влезот е слободен. Освен овие две екипи излез во ракометна Европа ќе бараат и Охрид, Прилеп a за Металург и Вардар  однапред се резервирни првите две позиции

Препорачуваме:

ЕХФ одлучи: Вардар 1961 нема да игра ЛШ во сезоната 2022/23!

Ване Трајков

Двајца Срби го освија светот

Dejan Trendov

Србите издоминираа: Ивана Вулета освои злато, а Ѓоковиќ се издигна како феникс на Мастерсот во Синсинати!

Ѓ. K.