Свет

ЧЕШКА ДОБИ НОВО ИМЕ: ЧЕХИА

Државниот врв на Република Чешка одлучи дека името „Чехиа“ ќе биде скратеното алтернативно име на земјата на англиски јазик за да се олесни на компаниите, политичарите и спортистите да го користат на производите, етикетите и дресовите, пренесуваат медиумите.

Досегашното име на англиски јазик „ Czech Republic“ е премногу долго и тешко за користење, и не можеше да се скрати само на
„Czech“, затоа што тоа е придавка, што на англиски јазик не може да биде име на држава.

Во многу други јазици, француски, германски, хрватски, македонски … немаше вакви проблеми затоа што во овие земји веќе се користеше пократкото име.

Државата доби пократко име, и во чешкиот јазик па така „Чешка Република“ ќе може да се замени со зборот „Чешко“.

За промената се усогласиле претседателот на државата, премиерот, претседателите на двата дома на парламентот и потесниот кабинет на владата. Откако Владата и формално ќе ја усвои промената, за неа ќе бидат известени ОН и другите меѓународни организации.

Дискусијата за името на земјата на англиски јазик и чешки јазик практично трае од распаѓањето на Чехословачка во 1993. Земјата, всушност, се состои од три историски покраини – поголемиот дел од денешната држава ја зафаќа Чешка (на хрватски, на македонски тоа е истоимена историска покраина, што се нарекува Чехи или Бохемија), но тука се и Моравија и Шлезија, па се направи обид да се најде едно име за да се покријат сите историски покраини.

Застапниците на името Чехиа велат дека ова име на англиски јазик може да потекнува од 19 век и дека го применувале географските уреди по поделбата на Чехословачка во 1993 како можна скратена алтернатива.

Но, ова име досега не фати корен и може да се случи да не биде лесно прифатено и откако доби официјален статус. На некои едноставно им звучи грдо. Други, како министерката за регионален развој Карла Шлехтова, мислат дека е премногу слично на името на Чеченија, на англиски јазик Чечнија, што може да предизвика засбуна.

Препорачуваме:

Републиките во Донбас ги ратификуваа договорите со Русија

Сузана Мицева

Албанија најголеми резерви на нафта и гас

Стојне Митева

Предупредување од ЦИА: На овие европски метрополи им се закануваат терористички напади