Свет

Вирусот зика предизвикува аномалии при самото раѓање

Американски научници и здравствени службеници потврдија дека вирусотот зика предизвикува деформации при самото раѓање, вклучувајќи ја и микроцефалијата.

Американски научници и здравствени службеници потврдија дека вирусотот зика предизвикува деформации при самото раѓање, вклучувајќи ја и микроцефалијата.

  • Научниците од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) заклучија при внимателно следење на постоечките докази дека зика предизвикува микроцефалија и други тешки мозочни нарушувања, се наведува во соопштението од Центарот.

Заклучокот е базиран во дел од серијата испитувања кои беа направени во Бразил, каде илјадници бебиња во текот на изминатата година се родени со деформитети, што се совпадна со инфекциите предизвикани од вирусот зика.
Директорот на ЦДЦ Том Фриден соопшти дека оваа најнова студија претставува пресврт во врска со епидемијата на зика вирусот, пренесува Танјуг.

Експертите меѓутоа предупредуваат дека овој вирус може да се пренесува и преку сексуалниот контакт.

  • Се што сега знаеме за овој вирус изгледа пострашно од првичните претпоставки, вели доктор Ан Шухат, експерт во Центарот за контрола и заштита од заразни болести.

Досега во САД се регистрирани 346 случаи на зика во континенталниот дел од земјата и сите поврзани со некое патување во заразените реони.

ЦДЦ ги предупреди бремените жени да не патуваат во регионите каде вирусот на зика веќе е раширен, какви што се некои од земјите на Латинска Америка и на Карибите.

Препорачуваме:

Борис Џонсон приклучен на кислород

Сузана Мицева

Раст на користењето на интернет и онлајн купувањето

Бил Гејст донира уште 250 милиони долари за борбата со ковид-19: „Дали светот ќе стане подобро место зависи од одлуките на светските лидери“

Сузана Мицева