Регион

Исчезнатата Мануела е пронајдена жива и здрава

По три дена трагање, вечерва е пронајдена 17 годишната Мануела . Семејството Пандеви од Пиперево потврдија дека нивното чедо се вратило, но заради истоштеност и и потреба од медицинска нега девојката е однесена во струмичката болница. Дедото Драги ни изјави дека Мануела била забележана кај  Демир Капија каде барала превоз до Валандово, но совесен возач запознаен со случајот дека се трага по средношколката,  ја донел лично до Струмица .

За потсетување Мануела од засега непознати причини исчезна во понеделникот наутро кога тргнала на училиште. По објавувањето на веста загрижени граѓани се јавувале дека ја забележале во  Гевгелија,  Росоман и Кавадарци. Семејството Пандеви упатија благодарност до сите кои дале свој придонес за пронаоѓање на Мануела

Препорачуваме:

Нуркачи продолжуваат да трагаат по момчето кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош

Ѓ. K.

За ужина по едно јаболко на ден ќе добиваат струмичките основци , денес општината го распиша тендерот

Стојне Митева

Дојран полн српски туристи

Сузана Мицева