Регион

Претставата „Вртелешка„ во петок и сабота премиерно пред струмичани

Општеството го прави човекот да биде брз и да не обрнува внимание на најбитните работи. Во тие моменти тој заборава на љубовта и нејзините вредности. Токму затоа новата претстава која се подготвува на сцената во струмичкиот театар зборува за највредното нешто кај човекот, а тоа е љубовта.

Во петок и сабота во 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов„ ќе биде прикажана премиерата на „Вртелешка“, во која ќе играат осум актери од струмичкиот театар.

Театарската претстава „Вртелешка“ е работена по текст на австрискиот автор Артур Шницлер. Режијата е на Драгана Танеска, а костимографијата на Ванчо Василев.

Препорачуваме:

Пронајден починат валандовчанец во подрумски простории

Ване Трајков

Рибар од Миравци се удави во Вардар

Сузана Мицева

Синдикатот на Пошта се заканува со генерален штрајк, бараат линеарно покачување на платите

Стојне Митева