Uncategorised

Комедија во која нема ништо смешно

Во петок 15.04.2016 во 20.00 часот на сцената на НУЦК “Антон Панов” премиерно ќе биде изведена претставата „Вртелешка“, од Артур Шницлер напишана пред повеќе од еден век .

Делата на Шницлер често се оценети како контроверзни, бидејќи во нив отворено се говори за сексуалноста и антисемитизмот. Шницлер често се смета како креативен еквивалент на Сигмунд Фројд.

Поради големата провокативност и акцентирање на сексуалноста и психоанализата, книгите и драмите на Шницлер во триесетите години на XX век биле забранети од нацистичката партија во Германија и Австрија, и покрај дозата на антисемитизам во делата.

За Шницлер режисерот Кјубрик изјавил: “Тешко е да се најде некој писател кој повистинито ја разбрал човечката душа и кој подлабоко продрел во начинот на којшто луѓето мислат, дејствуваат и постојат…”

Последното дело на Кјубрик “Очи широко затворени” е снимен според романот “Новела за сонот” од Шницлер.