Спорт

Кикбоксерот Игор Петков стана татко – Ана ми донесе нова музика !

Кикбоксерот Игор Петков од Струмица кој зад себе има повеќе титули во овој спорт но и во ММА дисциплината, од неодамна стана татко. Неговата сопруга пејачката  Гонце  на свет донесе здраво женско бебе. Игор и Гонце кои се пресреќни  одлучиле приновата да ја крстат Ана која во домот им донела дополнителна музика со нејзиниот детски плач

,,Пресреќни сме. Тоа е најубавото нешто што ми се има случено. Со Гонце неможеме да се одделиме од Ана. Таа е премногу слатка и засега мирна иако како бебе одвреме навреме ни потпевнува со детски плач.,, ни истакна Игор кој тврди дека Ана ќе била убава и музикална на мајка си а храбра и силна на него.

Игор Петков е член на КБК ,, Тим Зоран,, од Струмица и е професионален кикбоксер и со години во својата категорија е актуелен Шампион. Тој паралелно учествува и на повеќе меѓународни турнири во ММА дисциплината и забележува одлични резултати

im se rodi kjerka - igor i gonce petkovi igor gonce i ana

Препорачуваме:

Струмица повторно поразена – Шкупи со пресврт до победа во салата Парк

Цела сала плачеше со Влатко Илиевски на доделувањето на наградата за животно дело

Сузана Мицева

Струмичките одбојкари утре против Вардар во салата Парк

Ване Трајков