Регион

Почна доставувањето на решенијата до даночните обврзници за 2016 година

Одделението за администрирање на приходи при општина Струмица, почна со  доставувањето  на  решенијата  за  данок  на  имот  и  комунална  такса  до  даночните обврзници за оваа 2015 година. Според Душко Василев раководител  на Одделението, за данок на имот изготвени се вкупно 15.727 решенија од кои  15.421 за физички и 306 за правни лица. За комуналната такса или популарно  наречена  фирмарина изготвени  се  вкупно 3.528 решенија, од нив 2.982  се  за  правни лица и 546 за за самостојни вршители на дејност. Комуналната такса се плаќа во рок од 30 дена по добивањето на решението, а  данокот на имот  квартално, односно на три месеци до  крајот на годината. Од  одделението  за  администрирање  на  приходи  апелираат  до  даночните  обврзници  за навремено подмирување на обврските,  затоа што овие приходи  одат директно во општинскиот буџет преку кој се реализираат проектите кои го  подобруваат животот на граѓаните во општината.

Препорачуваме:

Шуклев и Николов заглавија пред границата со Кина

Ване Трајков

Општините бараат решение за високите сметки за улично осветлување

Сузана Мицева

До 500 евра казна за употреба на петарди