Регион

Основното јавно обвинителство Струмица ги расветлува причините за смртта на жена од Радовиш

68 годишна жена од Радовиш е пронајдена мртва синоќа во нејзиниот дом. Увид на лице место изврши дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, заедно со увидна екипа на СВР Струмица и ПС Радовиш. Поради постоење основано сомнение за причините на смртта, јавниот обвинител издаде Наредба за вршење обдукција на телото на покојната, како и наредби за откривање и утврдување на докази за сторено насилство врз телото на покојната. Истовремено, при увидот се дадени наредби на овластените полициски службеници за обезбедување и подигање на материјални траги од биолошко потекло, фотографирање на лице место и превземање на дејствија заради откривање на сторителот на кривичното дело.

Телото на сега починатата , било пронајдено вчера во вечерните часови во нејзиниот дом во Радовиш, од страна на нејзин роднина.

Едно лице е лишено од слобода и во моментов се сомничи дека е сторител на кривично дело – Убиство од користољубие. Се работи за 26 -годишен жител на Радовиш. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица ценејќи дека се исполнети условите ќе предложи мерка притвор.

[wpdevart_youtube]ADxTcWCZAcQ[/wpdevart_youtube]

Препорачуваме:

Цената на јајцата иста како ланската

Dimitar Micev

Уште многу работа за еднаков третман на мигранти и етнички заедници

Dimitar Micev

Пожар во Василево, изгоре кров и спрат од куќа, ТППЕ спречи ширење

Ване Трајков