Свет

Мисисипи го усвои контроверзниот закон за верски слободи

Гувернерот на американската сојузна држава Мисисипи, Фил Брајант го потпиша актот за стапување во сила на контроверзниот закон за верски слободи и покрај критиките дека тој предизвикува дискриминација.

Со законот им се дозволува на малите фирми на територијата на оваа држава да не им пружаат услуги на хомсексуалните двојки, оправдувајќи го тоа со „верските уверувања на луѓето кои го водат бизнисот“.

Противниците на донесувањето на овој закон тврдат дека со него ќе се легализира дискриминација кон хомосексуалците, лезбејките, бисексуалците и трансексуалците.

Гувернерот Брајант, меѓутоа, ја уверува јавноста дека законот ги „штити вистинските религиски верувања и моралните убедувања“.

Законот во Мисисипи доаѓа во време кога во повеќе сојузни држави во САД, веќе се донесени вакви или слични закони и кога во други држави се прават подготовки и тие да го следат овој пример.

Во Северна Каролина беше усвоен закон со кој на трансексуалците им е наложено да користат тоалетни простории кои одговараат на нивниот биолошки идентитет, а не оној во кој тие веруваат дека му припаѓаат.

Џорџија, која се подготвуваше да донесе сличен закон, се повлече од идејата под силниот притисок на големите компании, кои им се закануваат на сојузните држави дека ќе ги повлечат своите седишта доколку во нив се усвојат некои од „дискриминирачките“ закони.

Локалните медиуми во Мисисипи објаснуваат дека црквите, разните хуманитарни и добротворни организации, како и приватниот бизнис, сега ќе имаат легално право да одбијат да ги услужат лицата за кои сметаат дека нивниот стил на живеење е во спротивност со религиозните уверувања.

Препорачуваме:

(Видео) Во трката со бикови во Шпанија повредени петмина луѓе

Рекордни 65,3 милиони бегалци во светот во 2015 година

Словенија ги ублажува мерките, до 100 луѓе ќе можат да се соберат на едно место

Сузана Мицева