Свет

Предупредување од ЦИА: На овие европски метрополи им се закануваат терористички напади

Владата на Унгарија од САД ќе ги побараат информациите за предупредувањето на ЦИА според кое Будимпешта се наведува како потенцијална терористичка мета, изјави советникот на премиерот за национална сигурност Гјорги Баконди.

Тој реагирал на информациите објавени во полски весник според кој ЦИА ги предупредила полските национални безбедносни служби за можни терористички напади во Варшава, Будимпешта и Берлин.

Весникот се повикува на неслужбено известување според кое во половината од март ЦИА испратила предупредување за можни паралелни терористички закани кои требале да се случат за време на „масовни настани“ во трите споменати градови.

Баконди рекол дека унгарската влада не добила никаква службена информација која се однесува не закани и дека за нив дознала од полскиот весник. Тој истакна дека владата информациите за потенцијални закани ги сфаќа озбилно и дека ќе направи се што е можно за за ги заштити своите сограѓани.

На прашањето дали Унгарија ќе го зголени степенот на безбедност во земјата, Баконди одговорил дека е премногу рано за такво нешто, но додал дека владата секогаш ги проверува сите информации пред да донесе одлуки околу истите.

Препорачуваме:

ЕБОР и ЕУ ќе го зголемат финансирањето на мали и средни претпријатија на Западен Балкан

Сузана Мицева

ВИДЕО- Вулканот Kampi Flegrei во Италија пред ерупција,загрозен животот на 360 000 жители

Dimitar Micev

Прогнози на САД: Седум намирници чии цени најмногу ќе пораснат до крајот на годината

Сузана Мицева