Забава

Магична Малта-видео од убавините на оваа земја

Сместена во Средоземното море, Малта е дома за нешто помалку од половина милион жители, и е една од најгусто населените земји во светот.

Еве неколку интересни факти за оваа прекрасна островска земја:

  1. Валета е престолнина на Малта и едно од местата во светот со најголем број историски споменици по километар квадратен, според Унеско.
  2.  Наводно Хомер ја напишал Одисеја во пештерата Калипсо на Малта. Иако пештерата сама за себе не е ништо посебно, вреди да се посети поради преубавата околина.
  3. Република Малта ја сочинуваат неколку острови, од кои населени се само три: Гозо, Комино и Малта.
  4. Официјални јазици се англиски и малтешки.
  5. Со оглед дека Британија долго владеела со Малта, некои обичаи кои ги востановило Обединетото Кралство останале до денес. Така, и денес во оваа земја се вози на левата страна.
  6. На брегот на земјата сеуште се наоѓаат остатоци од уништените бродови од Бтората светска војна.
  7. Малта отсекогаш била населена. Овде се наоѓаат остатоци од цивилизација која постоела уште во шестиот век пред нашата ера.
  8. Многу холивудски хитови се снимени токму тука: „Гладијатор“, „Троја“, „Капетан Филипс“ и други.
  9. Најголемиот број од младите живеат со родителите се’ додека не стапат во брак.
  10. Малта има редовни воздушни линии со дури 69 градовии покрај својата скромна површина.

Препорачуваме:

Иван Котев добитник на награда за животно дело

Сузана Мицева

„Врба“ на Милчо Манчевски е македонски кандидат за Оскар

Сузана Мицева

Видео: Мојата мисија е да им носам ведрина на луѓето

Сузана Мицева