Регион

Сина фасада на градинката во Струмица, во пресрет на Светскиот ден на лицата со аутизам

Сина фасада за подигнување на свеста на општеството за присуството но и прифаќање на лицата со аутизам. На ваков начин, во Струмица симболично се одбележува светскиот ден на лицата со аутизам, втори април. Претставниците на општинскиот совет велат дека напорите треба да бодат заеднички и на родителите, и на институциите, но и на луѓето воопшто, со цел рана дијагноза, ран третман, право на едукација и здравствена заштита.

Спасе Додевски е дел до тимот кој ги води паралелките за деца со аутизам. Тој ја нагласува потребата за правење долгорочна стратегија која ќе помогне овие лица да се интегрираат во општеството, бидејќи за десет години тие ќе бидат возрасни лица.

Во Македонија не постои официјален регистар на лица со аутизам, но според статистиката на Светската здравствена организација има 12.240 лица. Аутизмот не е емоционална болест туку тоа е тешко развојно нарушување со генетска основа. Поновите истражувања покажуваат дека тој се јавува почесто од Дауновиот синдром, од ракот кај децата или глувоста. Почесто се јавува кај машките, отколку кај женските деца и тоа за четири пати.

Препорачуваме:

Васко Пиличев и Ана Тимови добија награди за истакнати музички педагози

Сузана Мицева

Објавени наградените на годинешниот Струмички карневал- кои се најдобрите?

Заврши изградбата на паркот во Градашорци. Жителите добија ново катче за одмор и уживање

Dimitar Micev