Регион

Национална конференција на тема „Македонското земјоделство и климатските промени„ одржана во Струмица

Климатските промени се реалност насекаде во светот, а според анализите на експертите, Македонија може да очекува екстремни варијации во температурата, кои ќе имаат штетни последици врз земјоделскиот сектор. Бидејќи речиси половина од руралното население во Македонија е економски зависно од земјоделството, итна е потребата од спроведување брза акција и практични адаптивни методи. За таа цел, денес во Струмица се одржа прва национална конференција за климатските промени и македонското земјоделство, која имаше за цел да ги претстави негативните ефекти. Претседателот на Мрежата за рурален развој на РМ, Петар Ѓоргиевски ги презентираше мерките кои ќе им помогнат на земјоделците да ги намалат штетните последици во градинарството, овоштарството, лозарството и сточарството.

Негативните ефекти на климатските промени ќе имаат најголемо влијание врз земјоделството, рече Никола Стаменов, претседател на Федерација на фармери на РМ. Според него потребно е и поактивно следење на временските промени кои ќе настануваат во државата, бидејќи како што рече веќе се појавуваат болести кои директно и негативно влијаат најмногу врз сточарството.

Климатските промени во Шведска се сметаат за многу сериозен проблем, рече Билјана Џартова-Петровска од Шведската амбасада. Според неа, потребно е подигнување на јавната свест за сериозен пристап кон климатските промени и последиците кои настануваат од нив.

Конференцијата “Македонското земјоделство и климатските промени” е поддржана од проектот„Институционална подршка на Федерацијата на фармерите на РМ“, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, спроведуван од Мрежата за рурален развој на РМ, како и од Амбасадата на Кралството Шведска.

Препорачуваме:

Младите од Струмица и регионот во Europe House разговараа на тема Одржливо земјоделство

Ѓ. K.

Граѓаните да се вклучат во креирање на Буџетот на општина Василево за 2023 година

Институциите добија задолженија – почнуваат подготовките за прием и чување на вакцините против Ковид-19

Стојне Митева