Спорт

Гевгеличани потопени во Бар, за нив нема БИБЛ финале

Кошаркарите на Кожув од Гевгелија по синоќешниот пораз од Морнар во Бар – Црна Гора во реванш полуфиналето од БИБЛ лигата останаа без финале во ова натпреварување. Морнар успеа да ја анулира предноста на гевгеличани од 15 поени од првиот натпревар (86:71) и во реваншот синоќа славеа со 81:56.  ,,Морнарите,,  негативата ја потопија уште во првата четвртина кога имаа водство од 16 поени. Гевгелискиот состав беше рамноправен само во третиот период а во последните 10 минути беа очајни со само 6 уфрлени поени. Гевгеличани по вторпат ги губат шансите за освојување на ова балканска БИБЛ лига.

Препорачуваме:

Астраионци не знаат за пораз- јуришаат кон плеј офот за пионерски Шамиони

Ване Трајков

Прва фудбалска лига: АП Брера Струмица го претрпе првиот пораз

Ѓ. K.

Фото – Беласица го крена Шампионскиот пехар од Третата лига -Исток

Ване Трајков