Свет

Давид Петреус ги повика Британците да останат во ЕУ

Поранешниот командант на американската војска и поранешен директор на ЦИА, Давид Петреус, ги повика Британците на референдумот во јуни да гласаат за останување во Европската Унија истакнувајќи дека излегувањето на Британија од Европската Унија значајно би ја ослабнало сигурноста на ЕУ блокот.

Неговиот коментар доаѓа само неколку дена после двата терористички напади во Брисел во кои загинаа 31 лице.
„Би им порачал на своите британски пријатели да размислат два пати пред да се повлечат од една од најважните институции која ја чува моќта на Западот – Еврпската Унија“, истакна Петреус во својот текст кој вчера беше објавен во Сандеј Телеграф.

Што се однесува до анкетите, тие покажуваат дека Британците денеска се поделени по прашањето за излез од ЕУ. Но, последните анкети велат дека расте поддршката за излез, но многумина и понатаму не се сигурни како ќе гласаат на референдумот кој ќе се одржи на 23 јуни.

Препорачуваме:

Кога Англија губи во фудбал, расте семејното насилство

Скандал во Германија: На децата им дале погрешни вакцини против Ковид-19

Првите бродови со илегалните мигранти пристигна од Грција во Турција