ФИЛМСКА ПРОЕКЦИЈА – 30.3.2016 (среда) – НУЦК „Антон Панов“; 19,30 час:

-Документарен филм: ВАЊА – СО МАКИ СУМ СЕ РОДИЛА

(режисер: Синиша Ефтимов, продукција: Медиа Бродкастинг)

Документарен филм за животот и кариерата на една од најголемите женски изведувачи на македонски традиционални песни! Ова е филм за првата македонска пеачка која има снимано за Филипс, и едниствената која има настапувано пред кралицата Елизабета и Винстон Черчил во Royal Albert Hall. Таа ги има промовирано македонските традиционални песни низ целиот свет и од многумина е нарекувана македонската Cezaria Evora! За Вања пеењето е нормално како што е дишењето за останатите… Живот полн со подеми и падови… Вања Лазарова, 85 и сеуште цврсто чекори.

-Три кратки играни филма на Албер Ламорис и Едмон Сешан: БЕЛАТА ГРИВА (1953), ЦРВЕНИОТ БАЛОН (1956), ЕДНООКИТЕ СЕ КРАЛЕВИ (1974)