Спорт

Сеуште ,,виси,, опстанокот на КК Радовиш во Втората лига ?!

Во дербито за опстанок во Втората кошаркарска лига на Македонија, тимот на Радовиш издвојува значајна победа над КК Шкупи од Скопје со резултат од 91:80. Радовишани имаа и поголема предност во текот на средбата но дозволија во последната четвртина гостите резултатски да им се приближат но немаа сили за пресврт. До крајот на Шампионатот Радовиш треба да се сретне со екипата на Ангели на домашен терен и со Охрид нагости каде им е потребна една победа во најмала рака. Но опстанокот зависи и од исходот на настапите на ФМП Академија од Скопје, Тетекс од Тетово и Шкупи од Скопје кои исто така се борат за опстанок. Според радовишкиот состав победата над Шкупи значи голем исчекор и следната сезона во овој град се игра второлигашка кошарка.

Препорачуваме:

Пандевци остануваат во Прва а Беласица се сели во Втора лига

Ване Трајков

Беласица и Победа ремизираа на стадионот Младост

Ване Трајков

Македонија со две победи и пораз го заврши првиот турнир од Евро лигата

Ване Трајков