Регион

Теренски ќе се проверуваат околу 1400 спорни гласачи на територијата на четирите општини во Струмица

13 тима со по три члена ќе ги проверуваат теренски спорните гласачи од избирачкиот список во струмичко. Еден анкетар од подрачното одделение на Дик од Струмица и  двајца набљудувачи од најголемите политички партии, Вмро Дпмне и Сдсм ќе бидат во составот на секој од тимовите кои од денеска тргнаа теренски да ги проверат нерегуларностите кои се појавуваат во избирачкиот список. На територијата на четирите струмички општини треба да се проверат околу 1400 спорни гласачи.

Тие ќе ги посетуваат граѓаните на домашна адреса. Доколку не бидат пронајдени дома, анкетарите ќе ги посетат уште еднаш, а доколку и тогаш не бидат најдени, на граѓаните ќе им биде доставено известување за да дојдат во подрачното одделение на ДИК. 

Материјалите за анкетирање на гласачите, доставени се до подрачните одделенија на Комисијата. Теренската проверка ќе ја вршат анкетари на ДИК за кои беше спроведена обука.

На ниво на држава, Дик треба да ја започне теренската проверка на 89.383 спорни записи во Избирачкиот список.

 

Препорачуваме:

Јаневски во 10 најдобри градоначалници според анкета на МЦМС

Сузана Мицева

Вечерва премира на претставата „Бракот на Марија Браун“ во НУЦК „Антон Панов“

Прес на СЈО во живо во 11 часот

Dimitar Micev