Регион

Пламеница на раноградинарските култури-штетна болест која тешко се лечи

Земјоделците да внимаваат на пламеница на раноградинарските култури. Болеста која се појавува во овој период е многу штетна за доматите, краставиците, пиперките и други растенија. Симтомите се јавуваат на листот, плодот и стеблото, при што доаѓа до брзо пропаѓање кое доведува до умирање на целото растение. За да ги заштитат своите растенија, агрономите советуваат во оранжериите да биде суво и да нема многу влага и роса по плодовите.

Откако ќе се појават симтомите на растенијата, агрономите препорачуваат да се применува т.н блок прскање. Исто така тие советуваат и употреба на бакар, бидејки како што вели Василев, тој го спречува ширењето на другите инфекции.

Доколку земјоделците не се сигурни која болест ги нападнала нивните растенија, агрономите препорачуваат да се побара мислење од стручни лица кои ќе ја дадат вистинската терапија за болеста на растението.

Препорачуваме:

Досега 330 граѓани над 77 годишна возраст во Струмица се вакцинирани

ВИДЕО: Градежниците во Струмица го одбележаа нивниот патрон празник Свети Тома

Црвен крст ја одбележува традиционалната „Недела на солидарност“, под мотото: „Вашиот прилог – значајна помош“

Ѓ. K.