Регион

Три месечно бебе од Дојран под сомнеж дека е заразено со вирусот Зика.

Тримесечното бебе од Дојран, пред две недели било однесено на клиниката за детски болести во Скопје ,каде најпрво била дијагностицирана микроцефалија(енормно мала глава),но поради основани соменија на лекарите дека станува збор за друго заболување се направени низа испитувања , а материјали од примероците се испратени на подетални анализи во странство.

Лекарите се сомневаат дека мајката за време на бременоста била касната од комарец со заразниот вирус кој бил пренесен и на плодот односно на нејзиното бебе.

Директорката на клиниката др.Аспасија Софијанова денеска излезе и со официјална изјава во која вели,, Во оваа установа биле лекувани дечиња со микроцефалија, но вакви случаи на болест немало подолго време. Токму поради овие сомневања случајот ќе се испитува подетално на странските клиники.,,


Вирусот зика кај луѓето предизвикува симптоми на треска, конјуктивитис и главоболка, но е нај -опасен сепак е за бремените жени кои може да родат деца со помал мозок односно мала глава.

Зика -Вирусот се пренесува на луѓето преку каснување од заразен женски комарец од родот Аедес, истиот тип комарец што ги шири треските денга, чикунгуња и жолтата треска.

Препорачуваме:

Пожарот меѓу Владевци и Требичино со намален интензитет, вели Ангелов од ЦУК

Ване Трајков

Исплатени 222 милиони денари за субвенции на произведено и предадено млеко

Ване Трајков

Утре, премиера на „Паника во хотел Палас“

Сузана Мицева