Спорт

Кој ќе слави: Академија Пандев или Беласица – во недела во Турново локално дерби

Кој ќе слави во локалното дерби од третата фудбалска лига исток. Академија Пандев или Беласица. И двата тима имаат аспирации за лидерската позиција во ова натпреварување и влез во Втора лига. Првиот меѓусебен дуел минатата есен на стадионот Младост, кога домакин беше Беласица заврши без голови. Сега домакин е Академија Пандев кој дербито ќе го игра на стадионот Кукуш во Турново. Југослав Тренчовски очекува голови во мрежата на Беласица

Од таборот на Беласица пак, тврдат дека се далеку поквалитетен тим од Академијата. Газдата на Беласица Славчо Васков Пинда очекува фер судење, фер игра и победа на струмичка Беласица со која единствено можат да се надеваат за освојување на лидерската позиција во третата лига исток.

Дуелот Академија Пандев – Беласица се игра во недела на стадионот Кукуш во Турново. Победникот од овој меч останува во игра за влез во Втората лига, каде исто така атакува и Плачковица од Радовиш кој во моментов е лидер во третата лига исток

Препорачуваме:

Фото – За првата победа, Наковски волеј со оро на Криволак

Ване Трајков

Видео – Македонија Макс во драматична завршница го победи Универзитет во Тетово

Ване Трајков

Одбојкарки на Наковски волеј ќе ги бранат боите на Македонија на квалификациите за европското кадетско првенство во Србија

Ѓ. K.