Регион

Лани загинале 24 деца – Животот е во твои раце, не возете под алкохол и дрога

,,Јас не стигнав до целта каде што тргнав, јас стигнав до инвалидска количка,, Ова е потресното сведоштво на Хакија Мекич кој пред 20 тина години заради неприлагодена брзина се превртел и со автомобил и останал инвалид. Тој ова го раскажуваше на трибината на Републичкиот совет за безбедност на патиштата во Струмица предупредувајки ги младите дека никогаш не смеат да возат под дејство на алкохол. Ова порака ја упатија и од АМСМ кои ке реализираат кампања ,,пијани очила,,

Минатата година по патиштата во земјава починале 148 лица. Но загрижува фактот што лани загинале дури 24 деца и малолетници. Од таа причина мора да реализираме кампањи низ младите да знаат како да се однесуваат и како пешаци , совозачи но и како идни возач вели Љупчо Ставревски

Македонија со 7,8 жртви во сообраќајки на 100 илјади лица е на 14 место во Европа, но според одговорните од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот потребно е контуинирана едукација на учесниците во сообраќајот за можните последици пред се на младата популација

Препорачуваме:

Бројот на вакцинирани граѓани расте, колективен имунитет е можен до крајот на летото

Стојне Митева

Здравствен дом Струмица набави апарат за ретген за заб

Ване Трајков

Над 500 илјади вакцини ќе пристигнат месецов

Стојне Митева