Регион

Заврши асфалтирањето на пристапниот пат до Колешинските водопади

Заврши асфалтирањето на пристапниот пат од Колешино до Колешинските водопади.
Патот е во должина од 1300 метри и ширина 4 метри со банкини од 1 метар од двете страни на коловозот. Изграден е и паркинг со површина од 330 m2, бетонски риголи и земјени канафки за одводнување на патот. Вредноста на овој проект изнесува 11.600,000 денари, дел од средствата се обезбедени од АФПЗРР од Програмата за рурален развој 2015 година а дел од Буџетот на општина Ново Село. Со изградбата на овој пристапен пат обезбедени се подобри услови за граѓаните и туристите кои сакаат да ги посетат Колешинските водопади.

Препорачуваме:

ВК Актив во недела ја започнува еко акцијата „Чисти ридови за сите 4“

Ѓ. K.

Министерството за образование објави: Екстерното тестирање е укинато !

Градоначалникот Јаневски одржа средба со амабасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ