Свет

13 загинати и 35 повредени во терористички напади во Брисел

Белгискиот главен град утрово е цел на терористички напади. По двете експлозии на аеродромот во Брисел, во меѓувреме агенциите јавуваат и за експлозии во метро станицата Малбек, во непосредна близина на институциите на ЕУ. Според белгискиот јавен сервис ВРТ, експлозијата на аеродромот била самоубиствен бомбашки напад. Белгиските власти прогласија терористичка опасност од највисоко ниво, изјави министерот за внатрешни работи Јан Јамбон. Зголемената опасност од четврто ниво важи на целата територија на земјата.Сите метро линии во Брисел во меѓувреме се целосно затворени.Претходно, две експлозии одекнаа на аеродромот во Брисел. Според белгиските медиуми, загинале најмалку 13 лица, а над 35 се повредени. Експлозиите одекнале во салата за заминување. Очевидци тврдат дека пред детонацијата слушнале истрели и луѓе кои извикуваат на арапски.„Беше ужасно. Кровот падна. Имаше крв насекаде, повредени луѓе, торби насекаде“, вели Зак Музун, кој требало да лета за Женева.

Препорачуваме:

Извештај на ОН: Нè чекаат глобална дестабилизација, глад и миграција

Сузана Мицева

Увезени 23 милиони неисправни заштитни маски во ЕУ

Сузана Мицева

Во Словенија само една доза вакцина за прележани со Ковид-19

Сузана Мицева