Свет

Маж се разнесе со бомба во центарот на Белград, во слаткарница на бивш министер

Непознат маж попладнево се разнесе со бомба во центарот нa Bелград. Настанот се случил во слаткарницата на бившиот министер за култура и советник на премиерот за култура, Братислав Петковиќ. Локалот се наоѓа на аголот од улиците Илија Гарашанин и Таковска.

Како што сооопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, мажот влегол во слткарницата и ја активирал рачната бомба во 12.38 часот.

На лице место се брза помош и полиција и нема други повредени. Според информации од телевизијата РТС, мажот влегол во локалот, ја покажал бомбата, ги избркал сите надвор па ја активирал. Неофицијално, човекот легнал врз експлозивната направа, што е најверојатно причина што не се искршени ниту стаклата на слаткарницата.

Во близина на оваа слаткарница има банка, две пекари, месарница и пазар, а во непосредното опкружување живее и бившиот министер петковиќ, сопственик на слаткарницата.

извор: b92.net

 

Препорачуваме:

СЗО: Младите ќе почекаат за вакцина до 2022

Германија повторно има над 4.000 заболени дневно, се проширува листата на ризични региони

Сузана Мицева

Во Долината на смртта во Калифорнија измерени рекордни 54,4 степени

Сузана Мицева