Спорт

Тренчовски за Канал ВИС- Не се три, туку пет деца од кои за две се преговара за трансфер

Координаторот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски  и официјално потврди дека фудбалски менаџери се интересирале за дел од фудбалерите на Академијата кои минатата недела  настапија на Виареџо во Италија. Во официјална изјава за ТВ Канал ВИС тој подвлече  дека по завршувањето на турнирот, пет деца биле ставени во фокусот на интерес  а за две од нив почнале и разговори но и постапка  за можен трансфер.  Не сакаше да отрива за кои деца станува збор и кои клубови се интересирале за младите,, пандевци,, но наши информации говорат дека желбата да ги видат струмичките деца во своие редови имале екипи од Италијанската серија А.

,,Позитивно сум изненаден. После секој натпревар ни се јавуваа менаџери кои утврдиле потенцијал во нашите играчи. Пет  играчи се ставени во нотесите на скаутите од повеќе тимови а за два играчи се почнати разговорите за заминување,, рече Тренчовски

Тренчовски од настапот на Академија Пандев на турнирот резултатски не е задоволен но од играта на своите играчи да, посебно од дуелот со Специја каде можеле и да слават, бидејки не ја искроистиле шансаа за водство од 3:1 преку Радојчиќ, по што натпреварот ке добиел друг тек.

Еве што истакна Тренчовски во Интервју за ТВ Канал ВИС

Препорачуваме:

Кире Ричлиев – Горд сум на ,,моите деца” што ќе одат на Европско, од Струмица за репрезентативен дрес чекаат и други деца !

Академија Пандев без победа против Вардар, Беласица со пораз од Силекс

Со Лазаров, без Борко, Манасков и Џомба и со 7 дебитанти во Египет

Сузана Мицева